Ja se potrudio oko prevoda ovih pisma... sutra nadam se da cu stici i za novih koji hoce pisati...
Горан, јас би сакал да останеш, затоа што и јас како и сите навивачи мислам дека си многу потребен на клубот! Се надевам дека не се залудни пораките што ти ги пишуваме и се надеваме дека ќе останеш во Лацио и дека заедно ќе славиме уште многу победи и трофеи!!
Очекувам следната сезона да бидеш најдобар стрелец, нормално во Лацио!
Поздрав,
Душан, Србија.
Поздрав Горан.
Прво би сакал да ти се заблагодарам за се што направи за Лацио до сега, и да ти посакам среќа доколку решиш да заминеш, а сите се надеваме дека нема да се случи тоа.
Ќе те поддржиме во се што и да одлучиш.
Поздрав лаву!
Дејан, Србија.
Горан, на тебе е тешко одлука дали да одиш од Лацио, клубот што ти пружи шанса и во кој што си, како што сам рече во една прилика, си многу благодарен поради тоа. Ние како навивачи од Балканот сме посебно горди на тебе и на твоите игри кои ги покажа во клубот сите овие години, и според нас си еден од најбитните играчи на Лацио, би сакале да те видиме и како капитен и вистински лидер на тимот. Ако пак си одиш, би сакале со голема гордост да кажуваш за периодот кога играше во Лацио.
Како и да одлучиш Балканците ќе бидат горди на тебе.
Владимир, Србија,Varvarin.
Горан мајсторе, би сакал да останеш во Лацио(макар уште една сезона, да дадеш уште некој гол на Рома), ама ако одлучиш да одиш ќе те поддржам како и повеќето навивачи, затоа што сепак ти знаеш што е најдобро за тебе. Фала ти на се што направи за Лацио...
Голем поздрав мајсторе!
Никола, Црна Гора.
Горан...што да кажам, освен дека си еден од најдобрите во нашиот тим, и дека уживав во секој натпревар на кој играше, а се надевам дека ќе ги биде уште многу. И со сигурност можам да ти кажам дека веќе стана икона и заштитен знак на нашиот клуб, така да што и да одлучиш, а се надевам дека ќе останеш кај нас уште долго, ние ќе бидеме до тебе и СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕШ ВО НАШИТЕ СРЦА каде и да си. AVE GRANDE GORAN!
Дамир... Бар, Црна Гора.
Не сакам ни да помислам дека планираш да го напуштиш клубот за кој навивам повеќе од 10 години, огромно задоволство е што од сите тимови , најдобриот македонски фудбалер игра за мојот единствен омилен клуб, што баш таму успеа да ја промовира нашата земја, сите да се гордееме со тебе!
Човекот што им даде голови на најдобрите голмани во светот, ги скрши насилните одбрани во светот, стана заштитен знак на Лацио, јас сум благодарен за тоа што досега го направи за тимот, ама сепак несакам да се соочам со фактот дека ќе мора да се збогуваме...
Една единствена молба имам до тебе во случај да си одиш, немој да остануваш во Италија, преселба меѓу пензионерите од милан не би можел да ти простам никогаш...
Секое добро,
Небојша, Тетово, Македонија.
Ermetico, these are the letters on Macedonian language, i hope that i will be tommorow before 3 PM on my PC to translate the remaining letters...